Umro sudija koji je osudio arhiepiskopa jovana

stanje
Zatvorena za pisanje odgovora.

sklopotnica

Zainteresovan član
Poruka
173
Примајќи ја веста за прераната смрт на судијата Мишко Стојковски од Битола, човекот којшто го осуди Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован на затворска казна од 18 месеци за кривично дело „распалување на национална и верска омраза, раздор и нетрпеливост”, Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија одлучи врз него да не се прави опело и да нема за него официјални помени во Црквата Божја.

Иако за време на животот не беше одлачен од Црквата, бидејќи Синодот претходно реши да му даде време на покајание, тој го заврши животот како непокајник и гонител на Црквата. Зеде во свои раце власт којашто природно му припаѓа само на Бога, да и суди на Црквата. Без мандат за тоа, а уште помалку богословско знаење и црковен морал, тој го осуди Архиепископот г.г. Јован на затворска казна само затоа што тој правилно ја исповеда својата вера за единство на Црквата Божја. Со тоа директно Му се спротивстави на Духот Свети и на Самиот Господ Христос, Којшто е Глава на Телото на Црквата. Никој, којшто се осмелил да и суди на Црквата не завршил добро, ниту, пак, има спомен во вечноста. Гонејќи ги, пак, и затворајќи ги Епископите на Црквата или, пак, Христијаните само заради тоа што веруваат така како што веруваат, е исто како да го гониш Самиот Христос (Дела Ап. 9,1-5).

Бидејќи гореспоменатиот судија се покажа како утврден и непокајан христогонител, Светиот Архиерејски Синод одлучи судијата Мишко Стојковски да го предаде на Божјиот суд, без притоа да врши помени и молби за негово спасение.

Светиот Архијерејски Синод потсетува дека на денот на објавувањето на Завршниот збор на судењето под претседателство на Мишко Стојковски, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован, не го проколна судијата Мишко Стојковски и заменикот јавен обвинител Павлина Јанкуловска, како што се зборува во јавноста, туку само констатира дека црковната историја покажала оти секој којшто ја гони Црквата, трпи проклетство за две до три генерации.

Синодот се обраќа до Судовите во Р. Македонија да престанат да ја гонат Православната Охридска Архиепископија. Катастрофите од гонењата на Црквата по однос на целата држава веќе стануваат многу очигледни. Ниту една држава не успеала да ја победи Црквата, зашто таа е вечна; но, многу држави, а особено многу поединци коишто ја суделе Црквата, успеале да го навлечат врз себе и врз своето потомство Божјиот гнев.

Затоа молиме да се остави Црквата сама да ги решава црковните работи, а не судовите да ја присвојуваат арбитражата меѓу Црквите за којашто никој не ги овластил. Судејќи ги Епископите и свештениците, се има впечаток дека судот сака да го снижи критериумот за сопствената одговорност на обвинувањата за корумпираност, и да ги претстави црковните службеници како поголеми грешници од судиите коишто имаат власт да ги казнат. Сметаме дека е тоа несовесна злоупотреба на власта, но ние немаме со што друго да се спротивставиме на таквите неправди освен со Словото на вистината - Коешто е Христос. Тој нека биде судија над судиите и цар над царевите во сите векови.

Светиот Архиерејски Синод изразува нескриена радост за позитивното мислење на Европската Комисија за добивање на статус земја кандидат на нашата татковина Р. Македонија за влез во Европската Унија. Со влегувањето на нашата земја во Европската Унија, конечно ќе престанат сите прогони на Православната Охридска Архиепископија.

Од Канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод на
Православната Охридска Архиепископија
 
stanje
Zatvorena za pisanje odgovora.

Back
Top