Kazem ja, krv nije voda...
НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
Чеченските терористи ја поддржуваат УЧК во Македонија и Србија
Терористите од Чеченија со едно од своите последни соопштенија на интернет страницата
www.kavkazcenter.com, ги поддржуваат припадниците на АНА во борбата со руските полтрони Србија и Македонија
Терористите од Чеченија во едно од своите последни соопштенија на интернет страницата
www.kavkazcenter.com, ги поддржуваат припадниците на УЧК во наводно правичната борба, според нив, против руските полтрони Србија и Македонија, на нивните територии.
Имено, во соопштението стои дека светот требало да ја зграби можноста и да се прогласи независноста на Косово, и останатиот негов дел, кој наводно се наоѓал под контрола на останата словенска држава, а се мисли на западниот дел на Македонија од рацете на Владимир Путин.
Чеченците тврдат дека во последното излагање, рускиот претседател Владимир Путин, јавно ја понижил Американката Кондолиза Рајс, заедно со секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс, за време на нивната неодамнешна посета во Москва.
Наводно, според изворите на терористите од Кремаљ, Путин на Американците им се заканил дека, иако тој не дозволил изградба на заштитен ракетен систем во земјите кои се блиску до Русија, САД сепак го сторил тоа.
За возврат Русија ќе го применела истиот принцип на Балканот и ќе си ги заштитела своите интереси. Путин со сета расположлива снага која ја имал, нема да дозволи независност на Косово.
Освен тоа, Путин и Русија веќе подолг период ги вооружувале славо-балканските народи, а особено Србија, да бидат противтежа на НАТО земјите во регионот. Стратешката цел на Русите била константно и целосно да се дестабилизира овој дел од европскиот регион и да се спречи новото проширување на овие земји во НАТО алијансата.
Имено, според Чеченците, Белград ја имал клучната стратешка позиција во регионот во секоја смисла. А со тоа најголемите руски полтрони директно влијаеле на судбината на сите балкански народи.
(А.С.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B97031DC74BE484188FFD98145FF95FC