
Evo isecak iz makedonskih novina:
Иако изворите за потеклото на Михајло Пупин се многу скудни, сепак откриваат доста. Неговите родители Олимпијада и Константин, во Банат, како што е запишано и во тамошните книги, биле емигранти од селото Вевчани, Република Македонија. На секои две години им се раѓало дете, вкупно десет. Михајло Пупин бил две години помал од најмалото, сестрата Христина. Семејното стебло оди до Михајло, кој во далечниот Њујорк формирал семејство со Сара Катерина Џексон, Американка. По осум години брак останал вдовец со ќерката Варвара која немала свое потомство, па лозата на Михајло Пупин замира со нејзината смрт.
Потомците добро ја знаат сета историја за родот Пупин. Се пренесува од колено на колено, како завет. Ни ја раскажува, со посебен жар и нашиот домаќин Стефан Ѓорѓевиќ- Пупин, кој со семејството живее и работи во Белград и како другите вевчанци-печалбари празниците и секое слободно време го поминува во родниот крај.
„Преку селото Нича нашите се населиле во Вевчани од Москополе. Низ историјата е забележано дека во Москополе со векови, главно, живееле православни, македонски и влашки родови. И денес во селото Нича, како што пишува проф. д-р Митревски, живее само влашко население. Приказната вели, Пупа, жената на убиениот старешина на селото од Турците, со четири сина и добиток, околу 500 овци и 100 кози се доселил во Вевчани. Тогашниот селски коџобашија, извесниот Тасе Србаковски им отстапил место да изградат куќа, во месноста која и денес ја викаме Пупинов Камен. Еве, онде, малку погоре од оваа куќа - покажува отспротива Ѓорѓевиќ.
Кажува „водам потекло од синот Ѓоре, а Михајло од Коста (Константин н.з.)”. За третиот син на Пупа се знае дека се викал Наум, а името на четвртиот е непознато за потомците. Некои автори го именуваат Стојан. Како што потврдува Ѓорѓевиќ-Пупин, двајца од браќата со семејството се иселиле во Банат и во Шумадија во потрага по подобар живот, а другите останале во Вевчани.
„Еве потврда дека потеклото на Пупин е од Вевчани. Само Пупинои овде ја слават Успение на Св. Богородица, а сите други вевчанци верската слава Преображение. Како што ми кажувале моите стари, тоа останало од баба Пупа. Дури и Михајло, кој бил многу побожен, со себе преку океанот ја пренесол и ја чествувал исклучиво истата слава во Америка, прикажуваше татко. Гробот на Пупин е во Њујорк, а на нашата гробница во Белград, како и оваа овде во Вевчани стои семејното име Ѓорѓевиќ- Пупин“, раскажува Стефан.
Zanimljivo samo da makedonske novine ne spomijnju i Grke, jer su oni bili drugi po broju u Moskopolju.
