Dosle NVO, doso NATO evo sad i ovi:
Хомосексуалците бараат подобар статус во општеството
Билјана Стефковска
01.07.2005
„Кај нас многу често работи притисок однадвор и во име на некакво патување кон ЕУ“
Законско регулирање на нивните заедници и подобар статус во општеството бараат македонските хомосексуалци. Предлогот требаше да се претстави на денешната трибина, но салата остана празна.
Интересот мал и од политичките партии, но и од оваа група на луѓе.
„Донесување на закон за регистрација на истополови партнерства, со кој ќе се даде еден јасен сигнал и до Ел-Џи-Би-Ти популацијата во Македонија, значи до нехетеросексуалната популација во Македонија, меѓутоа и до хетеросексуалната ориентација во однос на нивната перцепција кон различните од нас“, изјави Кочо Андоновски, претседател на македонска асоцијација за слободна сексуална ориентација.
Предлогот го доставиле до сите политички партии. А добиле двосмислени и чудни одговори, и тоа само од дел од партиите. Албанскиот блок недостапен за оваа тема.
Пред да се дознае неофицијалната бројка од 200.000 хомосексуалци, партиите сметаа дека Македонија сеуште не е подготвена да ги признае и прифати овие луѓе. Сега, пред изборите, спремни се да ги сменат и своите платформи.
„Треба и Уставот да се промени во смисла да се додаде антидискриминациона клаузула по основ на сексуалната ориентација“, рече Каролина Ристевска, СДСМ
Дел од партиите сметаат дека промената во законот е избрзана. Според нив, на мала врата се провлекуваат промени за кои општеството сеуште не е подготвено. Промените се прифаќаат под притисок на меѓународната заедница.
„Кај нас многу често работи притисок однадвор и во име на некакво патување кон ЕУ и слично се прават измените без вистински да се има претстава за што всушност станува збор“, вели Мирјана Најчевска, претседател на Хелсиншкиот комитет.
Иако покани имало до сите владини и невладини институции, се одзва само Министерството за надворешни работи.