Етнос“: САД подготвуваат покана за Македонија за НАТО
07.01.2008 17:46
Американската администрација уште во ноември донела политичка одлука за прием на сите три членки на јадранската група во НАТО, дознава А1 од високи дипломатски извори.
Одлуката е донесена по посетата на Скопје на амбасадорката на САД во НАТО Нуланд.
Веднаш по оваа посета американскиот Стејт Департмент им наложил на американските амбасадори во земјите членки на НАТО да ги информираат членките, дека САД инсистира на самитот на Алијансата во април во Букурешт да испратат покани до Македонија, Хрватска и Албанија.
За одлуката на највлијателната земја на НАТО денеска пишува и грчкиот печат. Според левичарски ориентираниот весникот „Етнос“, САД подготвуваат терен Македонија на пролет да добие покана за членство во НАТО.
Според весникот, деновиве грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Малас ја информирал грчката Влада за намерата на американската администрација.
Ваквиот план на Вашингтон и создава проблеми на владата во Атина, поради стравот дека ваквиот развој на настаните дополнително ќе ги искомплицираат новите преговори, најавени за крајот на јануари.
„Етнос“ најавува дека медијаторот Нимиц на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО, која ќе се одржи на 6-ти и 7 март во Брисел, би можел да излезе со нов предлог за името.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88242
P.S. Izvinjavam se zbog malih jezickih barijera, trazio sam ovu vest na srpskom, nisam nasao a grcki dnevnik "Etnos" nema verziju na engleskom jeziku. Ukoliko imate poteskoca u prevodu pojedinih reci, izaci cu vam u susret i prevesti. Mrzi me da prevodim ceo clanak, a i nema potrebe, razbirate vie makedonski, nemam somnevanje