Shipcima u MK se prividjaju chetnici
Prikazujem rezultate 1 do 4 od 4

Tema: Shipcima u MK se prividjaju chetnici

  1. #1
    Aktivan član
    Učlanjen
    26.02.2007.
    Poruke
    1.015
    Reputaciona moć
    0

    Smile Shipcima u MK se prividjaju chetnici

    Скандалозен настап на Тачи во Собранието

    Манасиевски, Шекеринска, Црвенковски и Глигоров се мали четничиња, рече Тачи



    ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА

    Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вчера во Собранието за време на расправата за интерпелацијата на заменик-министерот Рефет Елмази, ги навреди експретседателот Киро Глигоров, шефот на државата, Бранко Црвенковски, лидерката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и лидерот на ЛДП, Јован Мансиевски, нарекувајќи ги мали четничиња!

    Лут поради тоа што либералдемократот Андреј Жерновски претпладнето во една од репликите го нарече „војводата Тачи“, лидерот на ДПА излезе на говорницата и мавтајќи со раката вперена кон опозицијата, рече: „Нарекувањето на претседателот на ДПА за војвода го сметам за навреда на етнички план. Ќе се согласам со тоа ако вие се прашате кои сте - мали четничиња. Водникот Манасиевски, стариот водник Радмила Шекеринска, стари водник прва класа Бранко Црвенковски и Киро Глигоров. Вие сте мали четничиња со големи кокарди, а Глигоров ја има кокардата на Милошевиќ. Милошевиќ ви е под земја, а во Хаг ви е Шешељ “.

    Тачи во парламентот настапи во негов стил со многу голема жестокост и со заканувачки тонови. Воопшто не му пречеше што ниту еден од спомнатите не беше присутен во собраниската сала. По неговиот настап, атмосферата во парламентот дополнително се вжешти, па седницата со која раководеше потпретседателот на Собранието, Бесим Догани од ДПА беше прекината.

    Лидерката на СДСМ, Шекеринска, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДПА со провоцирање инциденти сакаат да ја прекинат седницата на која се расправа за интерпелацијата на Елмази.

    „ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се наоѓаат пред избор - да ја загрозат владината коалиција и да изгласаат недоверба на Елмази или уште повеќе да го нарушат угледот на Македонија“, рече Шекеринска, коментирајќи го излагањето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, од собраниската говорница.

    Всушност, вчерашното собраниско заседание за интерпелацијата на Елмази помина со многу паузи. Претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, повторно ќе испровоцираше инцидент во парламентот, откако го обвини СДСМ дека заедно со властите во Србија подготвувале сценарио за дестабилизација на Македонија!

    „СДСМ соработува со структури во Србија за дестабилизација на Македонија, за наштетување на косовското прашање“, рече Вејсели и испровоцира бурни реакции кај опозицијата. За да ја спаси ситуацијата, потпретседателот Иван Анастасовски, откако претходно го замоли Вејсели да ја напушти говорницата, ја прекина седницата.

    Шефот на пратеничката група на ЛДП, Жерновски, вчера му го постави истото прашање на Елмази: „дали го клоцавте пратеникот од ДУИ, Азис Положани“? Елмази молчеше, а наместо него, од место одговори Тачи : „Не!“

    Пратеникот од ДПА, Гарип Каба од ДПА ,го предупреди Жерновски да биде повнимателен со, како што рече, неговиот триумфален жаргон, меѓутоа тој самиот го навреди семјеството на колегата од ЛДП. „Во вашата семејна традиција и култура е да сеете раздор. Знаеме од каде доаѓате и што сакате овде да направите“, рече Каба и предизвика лавина реакции кај опозицијата, по што следуваше прекин на седницата. По паузата, Жерновски побара извинување од Каба , но не доби.

    Во самиот почеток на седницата опозицијата го обвини претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, дека го прекршил Деловникот за работа на парламентот и побара да си поднесе оставка. Жерновски го критикуваше Георгиевски зошто токму сега дваесетина пратеници од опозицијата се во Брисел , Берлин и Тирана. „Јасно е зошто делегациите за Бундестагот и НАТО овој пат се составени само од пратеници на опозицијата, токму кога треба да се гласа за интерпелацијата на Елмази“, обвини Жерновски.


    p.s.izvinjavam se sto sam ostavio tekst na makedonskom, ali nisam nasao nista na netu na srpskom, a nalazim da je prilog zanimljiv...



  2. #2
    Primećen član DŽELAT (avatar)
    Učlanjen
    19.07.2007.
    Lokacija
    Beograd,Srbija,Evropa
    Poruke
    604
    Reputaciona moć
    45

    Podrazumevano Re: Shipcima u MK se prividjaju chetnici

    Sutra domaći zadatak za tebe!
    Prevedi nam sve ovo lepo na srpski!
    Ok!

  3. #3
    Primećen član
    Učlanjen
    23.10.2007.
    Poruke
    640
    Reputaciona moć
    0

    Thumbs up Re: Shipcima u MK se prividjaju chetnici

    Hehehe u strahu su velike oci!

  4. #4
    Ističe se epoc (avatar)
    Učlanjen
    17.06.2007.
    Pol
    muški
    Lokacija
    big old smoke, the
    Poruke
    2.230
    Reputaciona moć
    61

    Podrazumevano Re: Shipcima u MK se prividjaju chetnici

    a jel se vama bulgarima prividza sofia

Slične teme

  1. balije,ustashe i chetnici-mater vam *****!!!
    Autor serb_pagan u forumu Politika
    Odgovora: 32
    Poslednja poruka: 10.09.2006., 00:56

Pravila za slanje poruka

  • Ne možete kreirati novu temu
  • Ne možete poslati odgovor
  • Ne možete dodati priloge
  • Ne možete prepraviti svoju poruku
  •