šiptar krimnalac roknuo šiptara policajca u Makedoniji

E, da vidimo šta kažu srpska braća sa govorna manata...:

Убиен командирот на полициската станица во Матејче
10.09.2007

Командирот на полициската станица во Матејче Фатмир Алили е убиен, а двајца полицајци се ранети во нападот на полициска патрола, извршен синоќа околу 2 часот по полноќ кај складиштето на „Макпетрол” во близина на селото Ваксинце, потврдија за А1 од МВР.

Според првичните информации патролата се движела со возило во близина на селото и врз нив бил отворен оган од вооружена група предводена од Заим Алили.

Информациите од МВР велат дека во престрелката тешко е ранет Заим Алили, убиен е неговиот брат Скендер Алили, а тешко повреден е Џеладин Исени, брат на Џемаил Исени познат како „командант Џејми Шеј”.

По престрелката, Заим Алили избегал на Косово каде е уапсен од косовската полиција и КФОР и е однесен во болницата во Гњилане, а оттаму во Приштина.

Ветон Шпети, портпарол на косовската полиција, потврди за А1 Телевизија дека Заим Алили е уапсен и дека е под контрола на косовската полиција во болница во Приштина.

Заим Алили, познат како „командант Туши”, е внук на Џемаил Исени и самиот обвинет за убиство, бегалец од Идризово. По апсењето на вујко му изјавуваше дека дека ќе го одмазди.
 
za one što im je veoma teško da klikaju na linkove: (i ja sam ponekad takav... :lol: )

Убиен командирот на полициската станица во Матејче
Лирим Дулови


10.09.2007


Полицајци од крим техника, како и многу специјалци, денеска го пребаруваа теренот пред влезот на селото Ваксинце, на местото каде синоќа беа убиени две лица, а четворица беа ранети, во престрелката меѓу полицијата и групата на Заим Алили.

Прв настрадал командирот на полициската станица во Матејче, Фатмир Алили, кој по здобиените рани, на пат кон медицинскиот центар во Куманово, починал.

Ранети се и двајца негови колеги, полицајците Јанче Китанов и Слаѓан Костовски. Едниот се здобил со прострелна рана во грбот, а другиот во ногата. И двајцата се надвор од животна опасност.

„Полицајците со службеното теренско возило патролирале, биле во редовна патрола во тој реон и оделе на потегот помеѓу селата Слупчане и Ваксинце, така што до нападот дошло во моментот кога се разминале со возилото со коешто се превезувале напаѓачите“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Од страна на групата од Ваксинце, убиен е Скендер Алили, брат на Заим Алили. Во селските гробишта во Ваксинце неговите роднини ги вршеа последните подготовки за негово погребување.

Во престрелката исто така е ранет и самиот Заим Алили. Неговите луѓе со џип го пренеле на косовска територија. Во приштинската болница лекарите се борат за неговиот живот. Знае и косовската полиција.

„Можам да потврдам дека Заим Алили е ранет со огнено оружје, тој е во приштинската болница под полициска контрола. Се консултираме со одделот за правда со цел да преземеме други неопходни чекори“, вели Гафур Елшани, портпарол на косовската полиција.

Во престрелката со полицијата ранет е и Џеладин Исени, братот на познатиот Џејми Шеј, кој неодамна беше фатен во неговата куќа, по бегството од затворот Идризово.

Неговиот брат бил лекуван од еден доктор од село Слупчане. Според некои сознанија, и тој им подлегнал на повредите, иако досега никој не ги потврдува ваквите информации.


Синоќешната престрелка се случи една недела откако Заим Алили, по апсењето на неговиот вујко Џејми Шеј, упати јавни закани до првите луѓе во државата.

„Јас им порачувам на Никола Груевски и на Јанкуловска, ако не го ослободат Џемаил Исени за 48 часа, тогаш јас нив ќе ги фатам. На Мендух Тачи, Рефет Елмази и неговите кодоши им порачувам дека ќе бидат убиени“, рече на 2 септември 2007-ма Заим Алили.

„Ќе ги мобилизирам моите борци на ОНА да ги убијат Тачи и Елмази од патриотски побуди и нема да бидат осудени според албанските канони“, порача Алили.

По престрелката, групата на Заим Алили избегале со нивното возило „Форд Ескорт“ со скопска регистрација. Возилото се уште се наоѓа во дворот на семејството Алили во Ваксинце.
 

Back
Top