Ево ти па читај полако и све ћеш разумети:
Грција скандализирана - симпатизер на Виножито избран за претседател на меѓународниот изложбен центар во Солун
Симпатизер на Виножито избран за претседател на меѓународниот изложбен центар во Солун. Изборот на Јанис Константину предизивика реакции во Грција. Медиумите го сметаат за поддржувач на како што велат „Скопската пропаганда“ за постоење на македонски јазик и македонско малцинство во Северна Грција.
Јас сум Европеец,кој говори грчки јазик – вака Константину се самоопредели во 2006 година во својот говор на промоцијата на македонскиот абецедар.
Јас сум Евроопец,кој говори грчки јазик, центро - левичарски ориентиран адвокат - изјави Константину.
Василис Папагеоргопулос, градоначалникот на Солун остро реагираше.
- Дали е можно ова? А е претседател на Меѓународниот изложбен центар во Солун, значи тоа е нешто што ја претставува Грција, што го претставува Солун, што ја претставува Македонија, а тој се изјасни како Европеец што говори грчки, а не како Грк. Треба да даде изјава утре, во спротивно ќе треба да се отстрани. Треба да изјави дека е и дека се чувствува Грк, Македонец.
Поддржувач на Виножито, промотор на пропагандата на Груевски – ова е само дел од она што можеше да се прочита во грчките весници за Јанис Констанину. Одлуката тој да биде претседател на Меѓународниот изложбен центар во Солун дојде директно од владеачката ПАСОК.
Сања Ристовска - дописник од Атина